Капитенот на машката кошаркарска репрезентација Бојан Трајковски како лидер со одлично второ полувреме ја водеше Македонија до победа над Швајцарија вредна квалификации за Светското првенство (СП) во 2023 година.
„Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме се што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист. Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме“, вели Трајковски.
До крајот на квалификациите Македонија има уште еден натпревар, против Словачка, кој се игра за два дена.