Tренерот на Филаделфија, Док Риверс, е на удар на критики поради лајкувањето на несоодветна содржина на социјалните мрежи.
На видеата кои се појавија и веќе го привлекоа вниманието на кошаркарската јавност, може да се забележи дека омилените твитови на Док Риверс се оние со „содржина за возрасни“.
Некои фанови на Филиделфија се пошегуваа на сметка на искусниот стручњак, додека други само споделуваа материјал кој е достапен за секого. Кога ќе отидете на профилот на Риверс, лесно можете да најдете лајкови на видеа со секс.
Овој скандал стана вест на денот во кошаркарските кругови, што беше причина да се огласи и тимот на Филаделфија. Франшизата тврди дека се работи за хакерски напад врз нивниот тренер!
– Ми кажаа дека Твитер-профилот на Док Риверс бил хакиран, но дека Филаделфија успеала да го врати. Лајковите се отстранети и профилот е вратен во работна состојба, изјави НБА новинарот, Џон Кларк.
Под неговата објава, обожавателите на НБА започнаа дискусија за тоа дали хакирањето навистина се случило или дали Док Риверс едноставно бил невнимателен кога означил дека му се допаѓа порнографската содржина. Еден од фановите истакна дека некој треба да му објасни на Док Риверс како секој може да види кои твитови му се допаѓаат. Сиксерси не успеаја да ги убедат навивачите дека тоа се случи поради напад на профилот на Док, а на Филаделфија секако не и требаше вакво медиумско внимание пред сезоната во која се надеваат дека Џоел Ембиид и Џејмс Харден ќе ги одведат до шампионскиот прстен.