четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Три имиња се во игра за нов тренер на Лејкерс

Три имиња се во игра за нов тренер на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс имаше катастрофална сезона за која цехот го плати тренерот Френ Вогел кој заработи отказ по крајот на регуларниот дел.

Од таборот на клубот од Калифорнија порачаа дека нема да брзаат и убаво ќе ги разгледаат сите опции пред да повлечат конкретен потег, но според новинарот Јован Буха во прв план се три имиња.

-Во зависност од тоа како ќе се одвива тековната сезона, би рекол дека трите најреални избори за Лејкерс се Квин Снајдер (тренер на Јута), Док Риверс (тренер на Филаделфија) и Мајк Браун (селектор на нигериската репрезентација). Ако треба да рангирам, на прво место би го ставил Снајдер, второ Риверс, трето Браун“, изјави новинарот на Атлетик.

-Оваа работа ќе биде најпрестижната од достапните во текот на летото, со можен исклучок на тренерската позиција во Бруклин, доколку Стив Неш биде отпуштен. Ќе добиете можност да ги тренирате Леброн и Дејвис во можеби најпознатата НБА франшиза на сите времиња. Мислам дека многумина сепак ќе сакаат да стигнат до таа позиција, дополнува Буха.