вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Три македонски екипи следната сезона ќе играат во АБА2 лигата

Три македонски екипи следната сезона ќе играат во АБА2 лигата

Потврдени се 13 од 14 екипи учесници за новата натпреварувачка сезона во АБА2 лигата, а Македонија ќе има три претставници.

Од регионалното натпреварување информираа дека за последното 14 место ќе се играат квалификации и во истите ќе бидат Спарс, Војводина, Илирија и Восна Меридианбет.

Нашата земја ќе ја претставуваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој лани не успеа да обезбеди опстанок во првата АБА лига, потоа Пелистер Битола и ТФТ Моцарт Скопје.