вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Трилерот во Кавадарци од три продолженија му припадна на Еуро Никел

Трилерот во Кавадарци од три продолженија му припадна на Еуро Никел

Еуро Никел славеше против Пелистер како гостин во Битола, во натпревар во кој се одиграа дури три продолженија (116-122, регуларен дел 92-92) и така му се одмаздија за поразот во претходната меѓусебна пресметка.

Најдобар кај Еуро Никел беше Рикиќ со 23 поени, пред Мијатовиќ со 21 поен, Соколов имаше 19 поени, додека Дубински заврши со 18 поени. Кај Пелистер, Кесар имаше 33 поени, пред Малешевиќ со „дабл-дабл“ од 30 поени и 10 асистенции, а двоен учинок оствари и Бојан Трајковски со 19 поени и 10 скока.

Пелистер имаше шанса со победа на домашен терен да го завери пласманот во Суперлигата, ама не успеа, па за тоа ќе почека во наредната рунда. За битолчани ова беше втор пораз на домашен терен, додека Еуро Никел дојде до важни бодови и скокна меѓу најдобрите во лигата.