недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЦИРКУСОТ ПРОДОЛЖУВА: Ц. Звезда се жали до АБА: Зошто нема српски судии во финалето?

ЦИРКУСОТ ПРОДОЛЖУВА: Ц. Звезда се жали до АБА: Зошто нема српски судии во финалето?

Koшаркарскиот клуб на Црвена Звезда се жали поради изборот на судии од страна на АБА за финалната серија против лутиот ривал Партизан.

Во изборот на АБА за првите три натпревари од финалната серија нема ниту еден Србин. Па, на Црвена Звезда не им е јасен тој избор ако се знае, како што велат, дека во минатото биле оштетувани во неколку наврати на мечеви на кои суделе судии од Словенија (со што и АБА лигата се согласувала).

Црвено-белите се изненадени зошто се игнорирани српските судии, ако се знае дека со исклучок на Илија Белошевиќ кој се повлекол, сите други изразиле спремност да судат.

Во своето соопштение од Црвена Зведз на крајот додаваат:=

„Секоја одговорност за се што ќе се случува во финалето од сега е на АБА, доколку Црвена Звезда нема рамноправен третман (судење) и услови да се бори нормално за трофејот.

Финалната серија меѓу Партизан и Црвена Звезда почнува во вторник (13. јуни) од 20 часот, а предноста на домашен терен ја имаат црно-белите.