недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црногорскиот Морнар се откажува од АБА лигата

Црногорскиот Морнар се откажува од АБА лигата

Според пишувата на црногорските медиуми, екипата на Морнар од Бар се откажува од АБА лигата и нема да биде еден од црногорските претставници во Јадранската лига.

Морнар е редовен учесник на регионалната лига од 2016 година, а поради немањето средства за наредната сезона ќе го отстапи местото на некој друг клуб.

Во минатата сезона Морнар се бореше за опстанок со Борац и МЗТ Скопје во последните две кола, сепак, македонскиот шампион испадна во понизок ранг. А доколку Морнар дефинитивно отстапи од лигата тогаш тоа е шанса за МЗТ Скопје да се врати во најсилната АБА лига.

Но тоа ќе одлучи раководството на лигата, а добро ќе биде барем еден македонски претставник да има во најсилата кошаркарска лига на Балканот. МЗТ како првак и како минатогодишен учесник има шанса да го замени Морнар.