Претседателот на регионалната ВТБ кошаркарска лига, Сергеј Кушченко, открил дека лигата води прелиминарни преговори со странски клубови, кои би можеле да влезат во ова натпреварување од наредната сезона.
Откако Русија ја нападна Украина, во знак на протест, ВТБ лигата ја напуштија Калев од Естонија и Зјелона гора од Полска. Оваа сезона ќе ја завршат осум руски екипи и Цмоки од Белорусија и Астана од Казахстан.
Според руските медиуми не се исклучува можноста во ВТБ лигата да влезат екипи од Турција.
Прашање е само колку најавите се реални, најмногу поради пренатрупаниот календар и напорните патувања, бидејќи сите врвни клубови покрај настапите во европските клубови играат натпревари и во домашните првенства.