Само три дена по сензационалната победа над Босна и Херцеговина во Сараево, женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа дебал во Скопје против Белгија, пораз од 43-102.
Белгија го освои првото место во нашата група, па мечот во Скопје го почна како лидер, а со тоа и како голем фаворит против нашата селекција.
Белгиските кошаркарки имаа фуриозен старт на мечот, почнаа со серија од 23-0 и до крајот само рутински ја зголемуваа предноста за да дојдат до конечна победа од 102-43.
Митрашиновиќ со 15 поени и Антиќ со 10, беа нашите најефикасни кошаркарки. Ема Мисеман со 17 поени беше најпрецизна кај Белгија, таа имаше и дури 27 скокови и 29 асистенции.
Македонија на последното место ги заврши квалификациите. Белгија оди на Европско првенство како прва во групата. Второто место го освои Германија, трета заврши Босна и Херцеговина.