Пред повеќе од 72 илјади гледачи во Хјустон, Универзитетот Конектикат (UCONN) ја освои својата петта титула во НЦАА, а тоа го направи на неверојатно доминантен начин.
Во финалето, Хаскис беа подобри од Сан Диего Стејт со 76-59, а на патот кон трофејот. сите свои ривали за време на „мартовското лудило“ ги победија со двоцифрена разлика.
Ајона ја совладаа со 24, Сент Мерис со 15, Гонзага со 28, а Флорида Атлантик со 13 разлика. Финалето можеа да го добијат уште поубедливо, но откако стана јасно дека ја освојуваат првата титула по 2014 година, дојде до опуштање од успешно завршената работа.
Најефикасен во тимот на Конектикат беше Тристан Њутон со 19 поени, но за МВП на завршниот турнир беше прогласен Адама Саного кој во финалето оствари дабл дабл со 17 поени и 10 скока.
За Сан Диего ова беше прв пласман на завршниот турнир во НЦАА и прво учество во финалето од оваа конкуренција, но за првата титула ќе мора да почека.