Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе патува за Тбилиси каде што за два дена ја очекува дуел против Грузија во рамките на третото коло во квалификациите за Мундобаскетот. Пред патувањето, своите очекувања кратко ги изнесе еден од најдобрите во тимот, Џејкоб Вајли.
„Верувам во групата и покрај многуте повреди кои ни го попречија патот. Имаме силен и отпорен тим. Нема да биде лесно, па мора да бидеме најдобри. Сакаме и мислам дека можеме со многу борба да ги добиеме двата натпревари со Грузија“, изјави Вајли.
Првата пресметка меѓу Грузија и Македонија ќе се одигра во „Тбилиси спортс палас“ в четврток од 16:00 часот, додека в недела се игра возвратниот дуел во Скопје.
foto:gol.mk