Двократниот шампион во Евролигата и МВП на завршницата ба Евролигата, Василије Мициќ, ќе остане уште една сезона во Анадолу Ефес.
Оваа информација со јавноста ја сподели неговиот менаџер Миодраг Мишко Ражнатовиќ.
Мициќ и ова лето се поврзуваше со НБА-лигата, меѓутоа реши да остане во Истанбул и да се обиде и трет пат да ја освои Евролигата. Последен пат три титули во ред освои Југопластика во периодот 1989 до 1991.