Српскиоткошаркарски репрезентативец Василије Мициќ ќе го напушти Анадолу Ефес и ќе ја продолжи кариерата во НБА лигата поточно во екипата на Оклахома сити тандер.
Неофицијално двете страни се договориле, а Оклахома би го претставила Мициќ оваа недела после НБА драфтот на 22 јуни.
Мициќ и минатата година беше пред преселба во НБА лигата меѓутоа одбра да остане во Ефес уште една сезона. Сега се чини дојде редот да игра во најсилната лига во светот.