петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Василије Мициќ сака да ја продолжи кариерата во НБА лигата

Василије Мициќ сака да ја продолжи кариерата во НБА лигата

Еден од најдобрите српски кошаркари Василије Мициќ најверојатно кариерата да ја продолжи во НБА лигата.

По финалната плеј-оф серија во Турција и освоената титула со Ефес, Мициќ заминува „преку океанот“ на финални преговори со Оклахома, која има право да го потпише.

„Го следиме развојот на настаните, Мициќ навистина сака да ја продолжи кариерата во НБА, но во моментов ништо не се знае. Се зависи од Мициќ“, изјави директорот на Ефес, Алпер Јилмаз.