четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Вестбрук ги демантираше информациите за конфликтот со Харден

Вестбрук ги демантираше информациите за конфликтот со Харден

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук ги демантираше информациите на новинарот Стивен Еми Смит за наводен негов конфликт со првата ѕвезда на „ракетите“, Џејмс Харден.

Смит најави и можно заминување на Вестбрук од Хјустон.

-Ова е целосно измислена информација. Добра ноќ на сите! – напиша Вестбрук под објавата на новинарот Смит од „ЕСПН“ на Инстаграм.

Претходно беше објавено дека 32-годишниот Американец е незадоволен од тоа како тече неговата кариера во Хјустон и дека не сака да игра со Харден. (МИА)