четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Дончиќ со луда тројка за победа на Далас, ова се прераскажува во НБА

ВИДЕО: Дончиќ со луда тројка за победа на Далас, ова се прераскажува во НБА

Далас го победи Бостон со 107-104, херој во победничкиот тим беше Лука Дончиќ со тројка која ја запиша во трка со звукот на сирената.

Дончиќ погоди во последните стотинки од мечот, при 104-104, луда тројка на Словенецот за триумф, тој средбата ја заврши со 33 поени, 9 скокови и 5 асистенции.

Резултати:

Далас – Бостон 107:104, Деневер- Хјустон 95-94, Мајами – Јута 118:115, Феникс – Атланта 121 – 117, Чикаго – Филаделфија 105:114 и Портланд – ЛА.Лејкерс 105:90.