Пред точно 10 години, македонските кошаркарски репрезентативци на гости во Литванија во Каунас на Европското првенство испишаа една голема историја која направи секој еден Македонец да се почувствува горд!
Владо Илиевски е името кое направи шок во последните 11 секунди од натпреварот. Тој со својата постигната тројка и донесе на Македонија водство иако нашата репрезентација губеше со 2 поени разлика.
Македонија се пласираеше во полуфиналето, таму загуби од Шпанија, а потоа и во битката за бронза тесен пораз од Русија. Како и да е четвртото место беше најголемиот успех, а потоа спектакуларен пречек на Плоштадот во Скопје.
На овој меч Илиевски го изговори легендарното: „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ!“
Инаку, ФИБА ЕуроБаскер на својот Фејсбук објави видео од овој историски момент за Македонија и напиша:
„Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, пишува во објавата на ФИБА.