Првата ѕвезда на Лос Анџелес Клиперс, Блејк Грифин одигра неполна четвртина во дербито против шампионот Голден Стејт.
Грифин на паркетот мина неполни десет минути, кога при еден влез од десната страна, несмасно се сопна од противничкиот играч, по што со главата удри во лактот на Џавејл Мекги.
Грифин веднаш падна на подот и остана неколку минути додека тимските лекари му укажуваа помош.
– Блејк е силно момче и мислам дека ќе биде добро, изјави по средбата неговиот соиграч Де Андре Јордан.
Сепак првичните информации се дека Грифин претрпел потрес на мозокот, па неизвесно е колку ќе паузира.
– Ја следиме неговата состојба и мораме да бидеме внимателни. Ќе се потрудиме брзо да закрепне од контузијата, изјавија од лекарскиот тим на „Клиперси“.
Грифин се придодаде на долгата листа на повредени играчи на оваа екипа на која веќе се наоѓаат Оустин Риверс, Милош Теодосиќ, Данило Галинари и Патрик Беверли за кој оваа сезона е завршена.