Во 4. меч од финалето на Истокот во НБА, Атланта Хокс со 110:88 го совлада Милвоки Бакс. Блескаше Богдан Богдановиќ со 20 поени (6 тројки), 3 скока и 5 асистенции и 4 украдени топки. Хокс израмнија на 2-2 а проблем на Милвоки ќе биде повредата на Јанис Антетокумпо. После мечот Шекил О’Нил му се обрати на Богдановиќ на негов јазик.
„Одлична игра, брате“, му се обрати Шекил на Богдан на што српскиот репрезентативец му одговри: „Напредуваш, Шек“.
Некогашниот центар на ЛА Лејкерс и Орландо Меџик додаде дека одамна збори дека е доволно да се презиваш на „ИЌ“ за да бидеш одличен шутер.
“You’re improving, Shaq!”
Bogdan Bogdanovic was impressed with @SHAQ‘s Serbian 😂🇷🇸 pic.twitter.com/CL89IA6UbW
— NBA on TNT (@NBAonTNT) June 30, 2021
Супер изданието на Богдан: