Екипата на Партизан конечно го прекина постот и по пауза од десет години одново е шампон на АБА лигата. „Црно-белите“ ја добија драмата од пет натпревари против лутиот ривал Црвена Звезда и одново се искачија на врвот во ова натпреварување.
Додека цела „Штарк Арена“ беше на нозе и го славеше големиот триумф, Жељко Обрадовиќ беше бесен како рис. Еден навивач влета на паркетот и почна да се радува со остатокот од клупата на Партизан, иако натпреварот не беше завршен. Обрадовиќ го забележа тоа и му удри „воспитна“ на непоканетиот гостин и го испрати надвор од паркетот.
Željko Obradović bolado com o banco comemorando antes do fim HAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHpic.twitter.com/YtKd4BgncJ
— Tabela de Ferro – Basquete Europeu (@TabelaDeFerro) June 22, 2023
Во моментот на најголемото славје, кога натпреварот практично е завршен и титулата обезбедена, не дозволува непрофесионално однесување. Тоа е Жељко Обрадовиќ.