сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Висент Коле останува на Франција

Висент Коле останува на Франција

Селекторот Висeнт Коле останува на чело на кошаркарската репрезентација на Франција и покрај неуспехот на оваа селекција на Светското првенство оваа година.

„Триколорите“ доживеа дебакл на СП, наместо за медалите, се бореа за пласман од 17. до 32. место.

Французите беа шокантно елиминирани веќе во групата по поразите од Канада и Летонија, а јавноста побара отказ на долгогодишниот селектор Винсeнт Коле. Но, наместо тоа, тој доби доверба од Федерацијата.

Тој е на чело на француската репрезентација од 2009 година, а за тоа време освои сребро на Олимписките игри во Токио 2021 година, две бронзи на Мундобаскетот во 2014 и 2019 година, а најголем успех на клупата на Французите е шампионска титула на Евробаскетот во 2013. година во Словенија.