недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Владимир Јовановиќ го напушти Будуќност по поразот од Борац!

Владимир Јовановиќ го напушти Будуќност по поразот од Борац!

Српскиот стручњак Владимир Јовановиќ и Будуќност од Подгорица меѓусебно ја прекинаа соработката. Иако црногорскиот клуб имаше одлична серија од осум последователни победи, до саботниот пораз од Борац, меѓу Јовановиќ и Будуќност дошло до меѓусебно договорен прекин на соработката пред плеј-офот од АБА лигата.

„Будуќност ја известува јавноста дека клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб Владимир Јовановиќ вечерва меѓусебно ја прекинаа соработката. Меѓусебниот прекин на соработката дојде по поразот од Борац од Чачак во последното коло од регуларниот дел на АБА лигата. За промените во стручниот штаб и натамошните чекори клубот благовремено ќе ја информира јавноста. Будуќност му посакува успешна кариера на Владимир Јовановиќ“, се вели во соопштението.

Будуќност регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место.

Се претпоставува дека Петар Мијовиќ, актуелниот стратег на Студенски центар Дерби, ќе биде именуван за тренер на црногорскиот шампион.