Владо Илиевски е еден од најдобрите кошаркари на Македонија на сите времиња, а вчера тој доби посебно признание и награда за животно од дело од општина Струмица.
Струмица вчера го одбележуваше денот на заштитниците на овој град и се доделуваа награди за луѓето кои многу придонеле за градот. Илиевски е човекот кој го постигна сигурно највредниот кош во историјата на македонската кошарка.
На Европското првенство во Литванија во 2011 година Илиевски во последните секунди погоди тројка со која Македонија обезбеди пласман во полуфиналето каде што бевме поразени од Шпанија.
„Струмица е мојот роден град, мојот дом, се започна тука. Првите шутеви ги имав на дрвениот рачно изработен кош од татко ми Илија и чичко ми Здравко, а со брат ми Димче тука почнав да ја учам кошарката, која подоцна стана моја опсесија и инспирација. Огромна благодарност на моите струмички тренери Павле Узунов, Петар Настев, Драган Јанков и Гоце Николов за сѐ што ме научија и за вербата која ја имаа во мене“, изјави Илиевски на примањето на наградата.
Кариерата Илиевски ја започна во Неметали Огражден, а подоцна настапуваше за екипи како Партизан, Барселона, Олимпија, Лотоматика, Тау Керамика, Цедевита и Работнички.
Фото: Општина Струмица/Фејсбук