Машката сениорска репрезентација на С.Македонија оствари втора победа во августовскиот ФИБА „прозорец“ во втората фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.
Вечерва „жолто-црвените“ по пресврт ја победија Словачка со 79:75 (40:46).
Словачка се покажа како „тврд орев“ во СРЦ „Кале“, но нашите најдобри кошаркари најдоа сили, и го покажаа својот квалитет.
Во еден момент во третиот период Словаците водеа и со 11 поени разлика (53-42), но во финалните десет минути македонските кошаркари го скршија отпорот на Словаците.
Димитријевиќ со 20 поени беше најефикасен во нашата репрезентација, Јакимовски и Војдан Стојановски постигнаа по 15, Ѓуровски реализираше 12.
Наредниот круг, во ноември, ќе го дочекаме со максимален резултат, две победи во два натпревари.
Следниот меч е на 10.ноември против Норвешка, селекција која исто како и нашата, е со два триумфи.