петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Зајон Вилијамсон го повреди глуждот

Зајон Вилијамсон го повреди глуждот

Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Зајон Вилијамсон, се здоби со повреда на левиот зглоб за време на претсезонскиот натпревар (103:120) против Мајами хит.

Вилијамсон го повреди зглобот на почетокот на втората четвртина. Тој одигра уште неколку минути, но потоа беше донесена одлука да биде отстранет од игра како мерка на претпазливост.

До повредата, 22-годишниот кошаркар постигна постигне 11 поени, два скока и четири асистенции.

Сепак, Вилијамсон не се очекува да пропушти многу време. Неговата состојба ќе се проценува на дневна основа.

Вилијамсон целосно ја пропушти минатата сезона во НБА поради скршеница на десната нога и операција.  (МИА)