Шекил О’Нил неодамна дозна дека боледува од апнеја при спиење и дека неговиот живот е загрозен поради ова сериозно нарушување при спиењето, со кое дишењето постојано престанува и започнува.
Како резултат на оваа здравствена ситуација, НБА легендата сега мора да користи машина за спиење.
– Кога отидов на лекар, имаше некои работи што никогаш не ги ни знаев, откри О’Нил во неодамнешното интервју за GQ, зборувајќи за неговата прва посета на лекар по долги години.
– Тие ви кажуваат одредени зборови како: „Еј човеку, имаш апнеја при спиење и апнеја при спиење може да предизвика хипертензија или мозочни удари, па можеш да умреш.
„Реков „Што? и тие рекоа „Можеш да умреш“.
„Значи, сега морам да спијам со машина за спиење“.
Тоа не бил единствениот здравствен проблем што му го открија лекарите на О’Нил кога отишол на преглед.
– Тие ми рекоа „Сите тие лекови против болки ги земаш, брат? Бубрезите ти се слаби, па нема повеќе лекови против болки“, но јас бев зависен од лекови против болки, додаде тој.
– Не сум зависник. Одредени денови кога не можев да се движам, само пиев по едно или две апчиња, само да ми помине. Но, сега се откажав од тоа.