четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Жељко Обрадовиќ и официјално се врати во Партизан

Жељко Обрадовиќ и официјално се врати во Партизан

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ и официјално се враќа во српски Партизан и каде ќе го потпише тригодишниот договор со црно-белите од Белград.

Оваа вест беше најавена пред неколку дена, а денеска е индиректно потврдена и од првиот човек на белграѓани, Остоја Мијаиловиќ со објава на социјалните мрежи.

„30 години подоцна… Сè за љубов, сè за Партизан“, напиша претседателот на Партизан.

Тој доаѓа по една од најлошите сезони на црно-белите, но и по сезона во која не работеше ништо односно беше без клуб.

Обрадовиќ, кој последно работеше во Фенербахче, е деветкратен европски шампион, а иако имаше далеку побогати понуди, сепак, реши да се врати дома.