среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Жесток пораз на македонските кошаркарки: Поразени со 65 поени разлика

Жесток пораз на македонските кошаркарки: Поразени со 65 поени разлика

Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година, на гостувањето кај Германија беше поразена со 105-40 (28-10, 25-10, 33-16) во дебито на селекторот, Владимир Ѓоровиќ.

Ова беше игра за заборав, стручниот штаб или лошо скенирал или девојките не спроведоа ништо на теренот, тоа го знае само селекторот. Одбрана не постоеше, ниту пак нападот беше на ниво на задачата, се погодуваше таблата наместо обрачот. Тука се и скоковите, Германија имаше 66, додека „црвено-жолтите“ 24.

Александра Стојановска со 16 поени беше прв стрелец, еден помалку постигна Нена Трајчевска.

Нашите двојки само на стартот имаа водство, Стојановска постигна тројка за 2-3, по што следеше серија од 13-0 на домашните кошаркарки за 15-3 во седмата минута. Трајчевска успеа да го прекине налетот на противникот.

Германките доминираа под обрачите на полувреме имаа 37 скока, додека на другата страна Македонија имаше само седум. Одбраната на Ѓоровиќ како да не постоеше, па на полувремето негативата од 53-20 не беше зачудувачка.

„Бродолом“ во третата четвртина, Македонија првите поени ги постигна дури по шест и пол минути игра, на другата страна Германките отворија со серија од 12-0. По завршување на овој период во кој постигнавме уште два поени, резултатот беше 72-24. До крајот не се промени ништо.

Македонија за три дена ја пречекува Летонија на домашен терен.

Извор: СПОРТМЕДИА