Жељко Обрадовиќ тренерот на белградски Партизан втора година по ред е избран занајдобар стратег во регионалната кошаркарска АБА-лига.
„Црно-белите“ завршија како најдобри во регуларниот дел од сезоната и во плеј-офот ќе ја имаат предноста на домашниот терен.
Обрадовиќ победи во гласањето со 72% од гласовите, зад него остана тренерот на Задар, Даниел Јусуп со 13%, додека третото место му припадна на Ненад Стефановиќ од таборот на ФМП Железник.