четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Златибор повторно домаќин на сега четвртиот „балон“ во АБА 2 лигата

Златибор повторно домаќин на сега четвртиот „балон“ во АБА 2 лигата

Познати се веќе местото и датумите на одигрување на четврттиот и последен „балон“ кој го организира кошаркарската АБА 2 лига.

Ќе се игра во периодот од 22 до 28 март, а како локација повторно ќе биде Златибор. Во овој последен „балон“ од регуларниот дел, ќе се играат натпреварите од 11, 12 и 13. коло, по што ќе бидат познати осумте екипи кои ќе учествуваат во плеј-офот.

Но и оние четири кои ќе се борат за опстанок, во т.н. „бараж“ (екипите кои ќе завршат од 11. до 14. место на табелата).

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром треба да игра против: Спарс (на 22 март од 21:00 часот), Горица (25 март од 13:00 часот), и Златибор (28 март од 13:00 часот).

Работнички го чекаат мечевите со: Борац Бања Лука (23 март од 21:00 часот), Хелиос Санс (25 март од 21:00 часот), и на крајот од првата фаза со Слобода Ужице (28 март од 17:00 часот).