вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Американците на Олимпијадата во Токио ќе имаат 613 претставници

Американците на Олимпијадата во Токио ќе имаат 613 претставници

Соединетите Американски Држави (САД) на Олимпијадата во Токио ќе ги претставуваат 613 спортисти, што е втора најбројна американска делегација во историјата по Игрите во Атланта 1996 на кои настапија 648 Американци.

Американската олимписка делегација во Токио ја сочинуваат 329 спортистки и 284 спортисти, кои ќе настапат во вкупно 44 дисциплини.

Најстариот спортист, кој во Токио ќе настапи под американското знаме, е 57 – годишниот јавач Филип Дутон, кому ова ќе му бидат седми Олимписки игри, додека најмладата американска олимпијка е 15-годишната пливачка Кети Гримс.

САД имаше рекордна жетва на медали на последната Олимпијада во Рио де Женеиро во 2016 година, со 46 златни, 37 сребрени и 38 бронзени медали.