Рекорден број од 10.000 натпреварувачи од 58 земји од 8.30 часот трчаат низ скопските улици на „Виз Ер Скопскиот маратон“.
Покрај професионалните атлетичари, на маратонот учествуваат голем број граѓани, лица со хендикеп, како и мајки со колички и деца кои учествуваат во трката од 5 километри.
Каниецот Еванс Кипкемои Бивот е победник на 14. Скопскиот маратон. Тој делницата долга 42 километри ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и осум секунди.
Најдобар македонски натпреварувач беше Александар Кираџиев, кој со време од 2:42:48 часа го освои петтото место.