Првата средба на руски и украински спортисти, после руската агресија врз Украина почната во четвртокот наутро, очекувано не се случи. Требаше селекциите на двете земји да се борат во мечување, ама Украинците ги одбија натпреварите.
Во Доха (Катар) требаше да има мечување на селекциите на Русија и Украина, селекциите се појавија на борилиштето, а Украинците тоа го сторија само за да ја соопштат одлуката дека нема да се натпреваруваат, поради ситуацијата во својата земја.
И после одлуката, Украинците добија аплаузи, ама остана впечатлива реакцијата и на Русите. Двајца од четворицата руски мечувалци исто така аплаудираа, иако тоа го сторија срамежливо.
Инаку прв човек на светската мечувалска федерација е Алишер Усманов, газдата на лондонски Арсенал и еден од низата олигарси кои е тесно поврзан со рускиот претседател Владимир Путин, кој од вчера е исклучен од почесното претседателско место во светската џудо федерација.
Equipe da Ucrânia se recusa a enfrentar time da Rússia em torneio no Cairo, válido pro circuito mundial da esgrima.
Federação Internacional da modalidade é comandada por um bilionário da oligarquia do Putin. pic.twitter.com/2E5JK5Kl4S
— Demétrio Vecchioli (@Olhar_Olimpico) February 27, 2022