петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фернандо Алонсо со емотивна изјава за Шумахер

Фернандо Алонсо со емотивна изјава за Шумахер

Пилот на Мекларен, Фернандо Алонсо го искажа своето мислење за легендарниот германскиот тркач во Формула 1, Михаел Шумахер. Според него, Шумахер бил и останува голем.

-Кога дојдов во Формула 1, тој беше мојот пример. Беше и останува најголем. Моите две победи на Светското првенство – во 2005 и 2006 година, се од особена важност, бидејќи ги освоив во директна борба против него. Тоа беше толку тешко да се борам со него, бидејќи тој беше непобедлив кога имаше добар автомобил и добар ден. Па дури и на лош ден со лош автомобил, сè уште беше добар, изјави Алонсо.

Во декември 2013 година, Шумахер беше сериозно повреден додека скијаше во Мерибел, Франција. Доби сериозна повреда на главата со повеќе повреди на мозочните хемисфери.

Оттогаш, спортистот беше во длабока кома, а од септември 2014 година закрепнува во неговата швајцарска вила, која се наоѓа на брегот на Женевското Езеро.

Информациите за состојбата на Шумахер се речиси недостапни, бидејќи неговите роднини сигурно го штитат од вниманието на медиумите.