среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фетел на чело по првиот тренинг пред трката во „СПА“

Фетел на чело по првиот тренинг пред трката во „СПА“

Себастијан Фетел се врати како најбрз во првиот тренинг по летниот одмор во Формула 1. Пилотот на Ферари запиша 1:44.358 со гуми „софт“ и заврши една десетина пред вториот Макс Верстапен со Ред Бул.

Луис Хамилтон, Кими Раиконен и Валтери Ботас заостанаа за три десетини од Германецот.

Даниел Рикардо ги затвори топ шест, завршувајќи над секунда побавно од лидерите, но тој успеа да направи само два најбрзи круга, бидејќи имаше проблем со моторот на Рено.

И двајцата пилоти на новиот стар тим Рејсинг Поинт Форс Индија – Естебан Окон и Серхио Перез завршија во топ 10, додека Ландо Норис со Мекларен остана само 18-ти во дебито на официјалните тренинзи во Ф1.

Кратко по почетокот на тренингот, излегоа информации дека Мерцедес користел нова спецификација на моторот во своите два автомобила. Хамилтон има нов мотор, турбо и МГУ-Х. Неговиот тимски колега, Валтери Ботас, доби сосема нов мотор, па така ќе биде казнет за трката во недела.