понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

(ФОТО) Волкановски покажа за кој македонски клуб навива – сите ќе се изненадите

(ФОТО) Волкановски покажа за кој македонски клуб навива – сите ќе се изненадите

Александар Волкановски, еден од најдобрите УФЦ борци на денешницата кој настапува под знамето на својата родна Австралија многупати досега покажал дека е горд на своето потекло.

Односно на македонските корени на неговите родители, па во многу наврати ја истакнувал својата љубов кон нашата држава.

Сега за првпат откри и за кој македонски фудбалски клуб навива, а изборот е навистина интересен – клуб за кој многумина за првпат ќе слушнете.

Станува збор за ФК Младост Беранци кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига на Битола.

Имено Волкановски заедно со своите две ќерки позираше во дресот на овој клуб кој после ова сигурно ќе добие на публицитет.