Репрезентацијата на Шведска втор пат по ред се закити со насловот светски првак. Швеѓаните синоќа во финалето од планетарниот собир во Копенхаген ја победија Швајцарија по подобро изведување на пенали.
Резултатот по основните 60 минути беше нерешен 2:2, немаше гол во продолжението, а по пеналите беше 2:1.
За Шведска ова е 11. трофеј светски шампион и прв одбранет по 1992 година.
Од друга страна, Швајцарците останаа без титула и по третото нивно финале.