Руските гимнастичарки останаа без индивидуално олимписко злато во ритмичка гимнастика за прв пат по 25 години. Последен пат Русинка не освои злато во поединечни натпревари на Игрите во 1996 година.
Денес на Олимпијадата во Токио, златото отиде кај Израелката Лина Ашрам. Таа победи пред Русинката, Дина Аверина која го освои второто место во финалето во поединечни натпревари, а нејзината сестра Арина беше четврта.
Бронзениот медал е за белоруската натпреварувачка, Алина Харанско.