понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кина со значителна финансиска помош за купување опрема за Пингпонгарската федерација

Кина со значителна финансиска помош за купување опрема за Пингпонгарската федерација

Пингпонгарската федерација на Република Македонија добива значителна финансиска помош од Народна Република Кина преку нивната амбасада во земјава за поддршка на развојот на новите млади пингпонгари.

– Средствата од донацијата ќе бидат искористени за купување на професионална опрема за пинг-понг (маси, рекети, гуми и топчиња) создавајќи една база на опрема која ќе се користи за сите нови млади талентирани играчи во земјата. Пингпонгарската федерација заедно со клубовите членови ќе преземат одговорност за понатамошен професионален развој на младите играчи во овој спорт, стои во соопштението на ППФСМ.

Претседателот на ППФСМ се заблагодари на амбасадата на Кина за соработката и поддршката која ја дава за развој на овој спорт во нашата држава.