Утрово беше објавена веста дека Русите влегле во Харков, вториот по големина град во Украина, а паралелно борбите се водат и во главниот град Киев, каде загина 21-годишниот фудбалер Виталиј Сапило кој настапуваше за Карпати Лавов.
Имаше само 21 година и ги остави сите свои соништа да помогне во одбраната на Украина, за жал на крајот почина.
Виталиј не е познато име во фудбалот, но ќе остане запишан во историјата на својата земја поради храброста што ја покажа.
Виталиј Сапило беше убиен во петокот вечерта во жестока битка во близина на Киев.
„Загина бранејќи го нашиот главен град, кој Русите се обидуваат да го земат“, изјави Карпати, клубот во кој почна да гради кариера која за жал заврши предвреме и на најлош можен начин.