сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија со седум каратисти на Балканскиот шампионат во Романија

Македонија со седум каратисти на Балканскиот шампионат во Романија

Македонската репрезентација во традиционално карате од 20 до 22 април 2018 година ќе настапи на Обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија.

Македонија на ова првенство ќе ја претставуваат пет каратисти и две каратистки.

Во машка конкуренција ќе настапат: Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски, Петар Костов и Димитар Витанов.

На женскиот дел од турнирот боите на нашата земја ќе ги бранат Јана и Берта Милевски.