Оваа година Македонското Олимписко Таеквондо се наоѓа во самиот врв на официјалниот избор за најдобри спортисти на Македонија за 2020 година, денеска завршува официјаното гласање врз основа на кое на крајот на месец Фебруари ќе бидат објавени најдобрите, пишува Дарко Костовски на својот Фејсбук профил.
Почитувани љубители на спортот, подржувачи на Таеквондо Клуб Бутел и Македонското Олимписко Таеквондо.
Во име на Македонската Таеквондо Федерација но и во име на Таеквондо Клуб Бутел сакам да ве известам за следново:
Оваа година Македонското Олимписко Таеквондо се наоѓа во самиот врв на официјалниот избор за најдобри спортисти на Македонија за 2020 година, денеска завршува официјаното гласање врз основа на кое на крајот на месец Фебруари ќе бидат објавени најдобрите.
-Категорија најдобар спортист сениор на Македонија, нашиот Дејан Георгиевски е второноминиран веднаш до македонската спортска икона Горан Пандев
-Категорија најдобар тренер на Македонија, нашиот Борче Костовски е второноминиран веднаш до Игор Ангеловски Мрме Фудбал.
-Категорија најуспешна спортска федерација во Македонија, нашата Македонска Таеквондо Федерација е вторноминирана веднаш после Фудбалската Федерација на Македонија.
Оваа година во врвот не вивна без дилема најголемиот спортски сениорски резултат за 2020 година, сребрениот медал на Европско Сениорско Првенство во Босна и
Херцеговина освоен од нашата македонска најголема спортска и олимписка надеж во индивидуалните спортови Дејан Георгиевски овој медал е освоен во спортот со сериозна олимписка трација Таеквондо.
Преголемиот успех на Македонската Фудбалска Репрезентација со кој се изборија за историски пласман на Европско Првенство во оваа прилика срдечно го честитаме и искрено посакуваме во иднина нашите фубалери да се борат не само за квалификување на ЕП туку и за добар пласман кој секако ќе донесе голема радост за Македонија и ќе го поткрене спортот генерално на едно повисоко ниво.
Во оваа прилика сакаме да истакнеме голема благодарност до сите помагатели и поддржувачи на Македонското Олимписко Таеквондо, свесни сме дека веќе почнавме да пишуваме дел од македонската спортска историја, но сакаме да ве известиме дека ни одблиску не сме го кажале последниот збор.
Да се биде дел од најдобрите спортисти во Македонија е голема чест, но уште поголема одговорност за во иднина, вели Костовски во својата објава.