недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марк Маркез овој викенд се враќа на МОТО ГП трките

Марк Маркез овој викенд се враќа на МОТО ГП трките

Марк Маркез овој викенд ќе се врати на патеката за Големата награда на Франција, откако лекарскиот тим, кој ја оперираше десната рака, му дозволи повторно да се трка. Операцијата беше неопходна поради падот на Маркез на првата трка во Португалија.

Маркез вчера беше прегледан, резултатите од скенерот се добри и ќе треба уште да ги помине прегледите на лекарската комисија во МотоГП, за да биде сигурен дека во петок ќе може да започне со слободните тренинзи.

Тој моментално е 19-ти во генералниот пласман, со 80 бода зад Франческо Бањаја.