недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марк Маркез успешно опериран

Марк Маркез успешно опериран

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез дефинитивно ќе ја пропушти трката за Големата награда на Аргентина во Мото ГП шампионатот.

На премиерата на сезоната, Маркез предизвика несреќа во која ја повреди раката и има скршеница на метакарпална коска каде веднаш беше опериран.

Неговиот тим Репсол Хонда одлучи Шпанецот да ја пропушти трката во Аргентина следниот викенд со цел целосно да се опорави и да биде максимално подготвен за остатокот од сезоната.

Веќе во третиот круг, Маркез загуби контрола на мотоциклот при еден свиок и удри во Хорхе Мартин, а потоа и во Мигел Оливеира, кој остана да лежи на патеката.