Американката Микаела Шифрин на импресивен начин ја заврши сезоната, откако триумфира на скијачката патека во Солде и така ја забележа 88. победа во рамки на Светскиот Куп.
Шифрин ја забележа 21-та победа во велеслалом и заврши пред Теа Луиза Стјернесунд од Норвешка, а на подиумот имаше место и за Валери Грение од Канада.
Олимписката шампионка го освои седмиот кристален глобус во кариерата во слалом, нешто што на никој друг не му успеало претходно.
Со оваа победа Шифрин го мина Ингермак Стенмарк по број на победи во Светскиот Куп, а исто така и Врени Шнајдер по број на победи во велеслалом во женска конкуренција во рамки на Светскиот Куп.
Шифрин ја заврши сезоната на првото место во генералниот пласман, а по неа следеше Лара Гут-Бехрами. Третото место ѝ припадна на Марта Басино, а четврта е Петра Влхова.