среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мото ГП: Мартин ја освои ГН на Јапонија

Мото ГП: Мартин ја освои ГН на Јапонија

Хорхе Мартин (Дукати – Прамак) победи денеска на трката за Големата награда на Јапонија во кралската класа во МотоГП.

Шпанскиот мотоциклист го остави зад себе водечкиот во генералниот пласман, Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати), кој го освои второто место во трката која беше прекината поради силен дожд.

Шесткратниот светски првак во МотоГП, Шпанецот Марк Маркез (Хонда) заврши третопласиран.

Во генералниот пласман Мартин сега има 316 бодови, само три помалку од актуелниот првак Бањаја.