Челниците на Мото ГП шампионатот го објавија прелиминарниот натпреварувачки календар за 2024 година. Според календарот ќе се возат рекордни 22 трки., односно две повеќе од оваа сезона.
Борбите за титулата во сите три класи треба да стартуваат на 10 март во Катар, додека последната закажана трка е онаа во Валенсија на 17 ноември.
Помеѓу овие две трки треба да се возат: Португалија, Аргентина, Америка, Шпанија, Франција, Шпанија (Каталонија), Италија, Казахстан, Холандија, Германија, Велика Британија, Австрија, Шпанија (Арагорн), Сан Марино, Индија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Тајланд и Малезија.