вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Бразилките декласирани, САД олимписки шампион во одбојка

ОИ: Бразилките декласирани, САД олимписки шампион во одбојка

По три злата во машката конкуренција, конечно женската одбојкарска репрезентација на Соединетите Американски Држави е олимписки победник.

Во нерамноправен финален натпревар, кој траеше 80-тина минути, Американките ја декласираа бразилската селекција со 3-0 во сетови (25-21, 25-20, 25-14).

Друс со 15 и Хил со 14 поени беа најдобри во таборот на олимпискиот победник, а ги следеше Ларсон со 11 поени. Фе Гарај со 11 поени единствена во сребрениот табор освои двицифрен број на поени. Во натпреварот за бронзен медал Србија ја совлада Јужна Кореја со 3-0 во сетови (25-18, 25-15, 25-15)