На крајот, во последниот натпреварувачки ден најуспешна спортска нација стана САД која освои 39 златни медали, само еден повеќе од Кина.
Згора на тоа САД има освоено највеќе медали на Игрите во Токио, вкупно 113, а покрај 39 златни, освоија уште и 41 сребрен и 33 бронзени медали.
Кина остана на 38 златни медали, 32 сребрени и 18 бронзени медали.Трета најуспешна нација е домаќинот Јапонија кој освои 27 златни медали, Велика Британија освои 22 златни, додека на петтото место е Рускиот олимписки комитет со 20 освоени златни медали.
Од земјите во регионот, најуспешни се Хрватска и Србија кои освоија по три златни медали. Хрватите покрај тоа имаат и три сребрени и два бронзени медали, додека Србија на трите злата им придодаде и едно сребро и пет бронзи.
И Македонија е на листата на освојували на медали благодарение на Дејан Георгиевски. Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо во категоријата над 80 килограми