Еден од најталентираните млади мотоциклисти во светот, Педро Акоста, следната сезона се сели во „кралската класа“ на Светскиот шампионат, откако потпиша договор со тимот на „Гасгас Тех3“.
Акоста во францускиот тим ќе му се приклучи на својот поранешен колега Аугусто Фернандез, кој доби нов договор. Тоа значи и дека од тимот ќе си замине Пол Еспаргаро Најавено е дека Пол Еспаргаро го чека важна улога во проектот дизајниран од KTM, чии партнер Тех 3 тимот.
Акоста, моментално трета сезона вози во Светскиот шампионат и е на добар пат да ја освои титулата во категоријата Мото2. Пред две години тој беше шампион во класата Мото3.